eu-flag-ss-1920Речиси половина од гласачите во осум големи земји-членки на ЕУ сакаат да гласаат за членството во ЕУ, како што Британците кои за тоа ќе одлучуваат на референдум следниот месец, покажува испитувањето на јавното мислење.

Испитувањето на агенцијата Ипсос Мори, објавена во понеделникот, покажа дека 45 проценти од повеќе од 6.000 испитаници во Белгија, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Полска, Шпанија и Шведска сакаат таков референдум, а една третина од нив ќе гласаат за излез ЕУ.

Процентот на оние кои , кога би имале можност, би гласале за излез од ЕУ се движи помеѓу 48 и 41 проценти во Италија и Франција до 22 или 26 проценти во Полска и Шпанија, соопшти агенцијата.

Истражувањето на Ипсос-Мори кое е направено преку интернет, покажа дека 49 проценти од испитаниците во осум земји сметаа дека Велика Британија на 23 јуни ќе гласа за напуштање на ЕУ, повеќе отколку во Велика Британија, каде процентот е 35.