Денес се фрапирав од изјавата на мајонез-лидерот на „као“ опозицијата во земјава, господинот татин син – Мицкоски. Најпрво да расчистам, најчесто не пишувам од принцип за политика и нарочито не за опозиција. А пак за сегашнава, воопшто не ми е цел да пукам на мртов коњ. Во случајов и глуп и мртов коњ. И самово писание не е воопшто политичко, туку ево да речеме крипто-ентузијастичко.

Е, со таков крипто-ентузијазам – излезе господинот „немам став за ништо – послушајте го срцето“ и објасна дека имал став за криптовалутите и кога наводно ќе ја добиеле власта ќе го „легализирале“ или „озаконеле“ работењето со криптовалутите во Македонија. Првин се насмевнав – кога ми текна дека вемеро заостанатоста и каскањето зад било кој тренд е хронична, ама и почувствував да му се обратам на големиов визионер, хидраулик, таткин асистен и во слободно време (о)позициски глумец г-инот Мицкоски:

Прво, Господине Мицкоски – криптосветот не е хидроцентрала па да важат законитостите на водата, роторот и статорот и се разбира вечната парадигма на партиската дупеувлекувалност. Ова е свет, креиран од повисоки структури, со особено високи сваќања и концепти, за повисоки а често и не толку чесни цели. Јас сум сигурен дека и ти, и издеглавскион преснец звани лигња, сајбер фраерон со најсмешно име – Тимчо, Халкидики денсерите Пановски и Илија и још два-три барда тамо – не можете ни 10% да разберет од крипто-донамбите кои се веќе на залез во светов. Што бре фино лепо не си се држите за Вашите изворни постулати: ракија, квази-национализам, фалсификување историја и факти и братоубиство… Од каде сега вие од сајбер комити – сакате да се напрајте крипто комити – ѓомити… Знам јас дека е сето тоа блеф, колку да се доближиш до напредната младина, ама друже – напреден човек и вашиов лоповски синдикат – немаат хемија.

Второ, Господине Мицкоски – пошто гледам не си запознаен, па сите криптоентузијасти во Македонија, кој колку сака и кој колку може – си купуваат криптовалути. Си ги плаќаат со картички, си имаат електронски новчаник, си ги складираат таму и кога и да сакаат можат да си ги продадат надвор. Уствари си ги купуваат и продаваат на крипто берза. И патка не им чуе.. Ниту можеш ти или оваа банана република да го траковаат и оданочат овој однос, ниту па имате пристап до големите криптоберзи. Едноставно вакви селски грутки и неписмени суровици во крипто светот оддалеку сјаат и секој понапреден ги одбегнува. Но, проблемот е – зошто ти сега тоа сакаш законски да го регулираш и оданочиш? Па самата поента на криптото е да се децентрализира креацијата на монетарни агрегати, за да не може во иднина да одлучуваат тенеќиња ко тебе и еден куп останати, колкава монетарна маса ќе се пушта во оптек и кој ќе ја контролира инфлацијата/дефлацијата!

Трето, Господине Мицкоски криптовалутите се шпекулативни категории. Тие не содржат вредност и се многу варијабилни. На крајот сите ќе завршат на нула – со еден куп искрадени пари од по светот. Кина веќе целосно ги забрани а и еден куп други земји. Што ви текна баш во криптосветот да редите регулација. Абре прво регулирајте во Арачиново и Тетово, Гостивар, да земаме данок од таму, кај се фативте за криптовалутите. Ако сте толку хај-тек – кажете нешто за блокчејнот. Зошто таа технологија да не ја воведеме како цел нормален свет во јавната администрација, катастарот, даночната управа и на милион други места. Ах… заборавив – тука нема што да се даночи. Вие имате интерес само каде што има што да се даночи – за напредни технологии не ве бива – ако нема конкретна лична корист – кој ја јебе општествената корист и заштеда. Типично зар не, за вас – кои не кочите цел живот – кои сте закоралеви реакционери и опортунисти.

Четврто, Ниту можете, ниту знаете нешто околу криптовалутите. Ако сакате да ја намалите буџетскта дупка, почнете со бркање на прегломазната администрација. Или имате план од крипто-даноци да полните буџети? Хахахахаха…. Отсекогаш сте имале страшни визии, среќа па ве имаат ставено во ќош и не можете да ги реализирате… Абре оваа бивша министерица за финансии и феминизам која сега кривично ја гонат за инсајдерски контрабанди со пропаднатата Еуростандард Банка – една ебана сметкопотврда не успеа да дигитализира. Зборвеше, верглаше, објасвеше еден долг период – и на крај се покака, и ја врати старата добра ЈУ сметкопотврда. Целокупниот народ овде, ниту знае, ниту може, ниту сака. Со чест на исклучоци кои се бајаги ретки. Заради тоа ова е најсиромашна земја – пустина, отселена вукојебина со субстандардни параметри во секој поглед на живеењето. И сега кога еден ваков татин син – асистент првоборец – лигав како полжав – ќе ми зборува за крипторегулација – еве најискрено ми идат да го кренам шишено со ракија, да ја мавнам пола и да крикнам ко тој грешникот на клипот: ВВВВММММРРРРООООООООООООООО!!!!

 

Наум Димитровски