Рајфајзен банката во Србија ја купи Кредит Агрикол банка, вклучително и компанија за лизинг во нејзина сопственост – CA Лизинг Србија. Сега чека регулаторно одобрување.

Кредит Агрикол банка има база од околу 356.000 клиенти и водечка позиција во финансирањето на агробизнисот (пазарен удел над 20%), што го надополнува деловниот профил на Рајфајзен банка во Србија. Во вториот квартал од оваа година, банката имаше вкупна актива од 1,3 милијарди евра, додека вкупната актива на Рајфајзен изнесуваше 3,4 милијарди евра.

Доколку оваа трансакција е успешно завршена, планот е да се спојат Кредит Агрикол банка со Рајфајзен банка и КА Лизинг со Рајфајзен Лизинг.

Да потсетиме, ова е само едно од серијата аквизиции во српскиот банкарски сектор. Претходно, Комерцијална банка беше приватизирана и МТ Банка беше споена со Поштанска Штедионица.