Најпопуларната онлајн игра во светот годинава заработи 5,1 милијарди долари од околу 300 милиони корисници кои трошат во просек по околу 17 долари по игра.

Pokemon Go остана на второто место со 1,2 милијарди заработени од околу 166 милиони играчи, додека поранешниот владетел Candy Crush беше на третото место со 1,19 милијарди од 273 милиони корисници (околу 4 долари по корисник).

Игрите за мобилни телефони отсекогаш биле популарни меѓу корисниците од сите возрасти, а повеќето ги гледаат како евтина, ако не и бесплатна забава. Пониските цени генерално ја кријат високата вкупна потрошувачка во ваквите игри, бидејќи често се занесуваме и не забележуваме колку всушност потрошивме. Ова е особено случај со помладите играчи кои знаат да потрошат стотици долари на картичките на нивните родители во рекордно време.

И додека Fortnite доживува голем успех, неговиот сопственик Epic Games веќе некое време е вмешан во правен спор со Apple околу правилата за плаќање во нивната продавница. Fortnite беше исфрлен од дигиталната продавница затоа што ги насочуваше клиентите кон нивниот шопинг сајт, кој практично го заобиколи Apple, кој зема од 15 до 30 проценти од сите купувања во продавницата.