Американската компанија за испорака на храна DoorDash најави дека ќе го купи финскиот Wolt со цел да го прошири својот бизнис во Европа во периодот на нормализирање на побарувачката по пандемскиот бум.

Побарувачката за услуги за испорака на храна силно зајакна во пандемијата на Ковид 19, но треба да се стабилизира во наредните месеци, отворајќи го патот за консолидација во тешко достапниот сектор, истакнува Ројтерс.

US Doordash се согласи да ја купи Волт во трансакција од седум милијарди евра, нудејќи им на акционерите на финската компанија свои акции. Вредноста на акциите на DoorDash кои ќе бидат издадени како дел од трансакцијата ќе бидат по 206,45 долари по акција, објавија двете компании.

Со оваа трансакција DoorDash ќе се прошири на 22 европски пазари, вклучувајќи ги Германија, Данска, Шведска, Хрватска и Србија.