Првиот регулатор, Марко Бислимовски не сака да каже јавно колку би изнесувала струјата за домаќинствата по 1 јануари сè додека во Регулаторната комисија не ги довршат анализите за трошоците.

Бислимовски во интервју за државната агениција МИА вели дека одлуката за цената треба да биде донесена до крајот на овој месец, а граѓаните за новата цена детално ќе бидат информирмирани. Во Регулаторната комисија за енергетика се анализираат барањата од трите компании во делот за набавка на електричната енергија.

Се анализираат и трошоците за обновливи извори, дали ќе има трошоци за увоз кај ЕВН Хоум и во делот кај Електродистрибуција и кај МЕПСО. Компаниите, вели Бислимовски, пријавуваат значително зголемени трошоци за набавка на струја.