Повеќето македонски граѓани велат дека во домашниот буџет не остануваат пари кои би ги потрошиле за својата културна наобразба. Ако ја анализираме минималната синдикална кошничка, најголем дел од парите се трошат за храна и сметки, а најмалку за култура и одржување на здравјето.
Минималната синдикална кошничка за февруари изнесувала 36.146 денари. Од нив за исхрана и пијалаци одат 15.440,48 денари или 42,72 отсто, а за домување се неопходни 11.511,6 денари, односно 31,85 отсто. За хигиена на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле потребни 2.453,63 денари или 6,79 отсто, за превоз 2.766,32, односно 7,65 отсто, за облека и обувки 2.156,61 денар, или 5,97 отсто. За култура, семејствата трошеле 1.067,86 денари, односно 2,95 отсто, а за одржување на здравјето најмалку, односно 749,07 денари или 2,07 отсто.
Ги прашавме граѓаните кога последен пат посетиле кино, театар или пак си купиле книга, при што повеќето не можат да се сетат кога го сториле тоа. Велат дека со години или пак со децении не одвоиле пари за оваа намена. Според нив, не треба тоа да биде луксуз, но едноставно условите се такви и првенствено гледаат да ги задоволат потребите за храна и да ги платат сметките.
„Немам вишок пари ни облека да си купам, а не пак да одам во кино или театар. Книга не паметам кога сум купила последен пат. Јас не можам да одвојам 300 или 500 денари за купување на книга“, вели Ленче, повозрасна граѓанка.
Другите кои ги прашавме на оваа тема, велат дека во средношколските денови купувале книги, но денес не.
„Народот нема пари, работи само за јадење, само за да преживее и ништо друго. Книга последен пат купив пред 15 години на Саем на книгата во Скопје. Убаво е да се купуваат книги, тоа не треба да биде луксуз, но сепак е. И луѓето во моето опкружување исто не одат ни во кино, ни во театар. Последен пат сум била во кино пред 30 години“, раскажува Јасмина, граѓанка.
Велат секој сака да прочита добра книга, но пари не
Продолжува на Фактор.мк