Според статистиката на Народна банка во јануари кај вкупните кредити за домаќинства се бележи раст од 0,8 и 9,7 отсто, и тоа  најголем дел се темели врз денарски пласмани.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапената категорија – потрошувачките кредити, стапката на годишен раст во јануари изнесува 11,3%, без промени на месечна основа. Станбените кредити бележат месечен и годишен раст од 1,1% и 15,2% соодветно. Во првиот месец од годината, автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен пад од 1,4% и 0,3%, соодветно.

Понатаму овој месец кај негативните салда на тековните сметки е остварен месечен и годисен раст од 10,1% и 4,2% соодветно, додека кај кредиттите одобрени врз други основи е регистрирано месечно и годишно намалување од 1,2% и 1,6%.

 

Табелата со статистички потадоци и многу повеќе може да прочитате на следниов линк.