Во индустриската зона Новине и Речица издадена е дозвола за градежна парцела на фирма од Грција, информираа денеска надлежните од општина Куманово. Издадени се дополнителни две парцели на двајца домашни инвеститори, едната за изградба на хотел, втората за изградба на логистички центар.
-Инвестицијата од компанијата од Грција, Веќе е во тек. се работи за компанија која беше многу заинтересирана да инвестира во нашата индустриска зона по пат на јавно наддавање, парцелата од над 10.000 метри квадратни ја продадовме на оваа компанија која учествуваше на аукција од некаде од повеќе од 15 евра по метар квадратен, што во минатото исти такви парцели се продаваа по едно евро по метар квадратен. веќе ја издадовме градежната дозвола на компанијата можете и на лице место да се информирате кај инвеститорот, тој веќе презема градежни опфати, одобрена му е дозволата за градба на објектот, изјави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Тој појасни дека компанијата од Лариса планира да произведува бетонски производи, ивичници, бекатонски елементи, сè до градежни конструкции за градба на куќи, хали, мостови, елементи во делот на железничкиот сообраќај. Димитриевски очекува копанијата да ангажира 80-тина работници од Куманово, нагласувајќи дека ќе се вработи инженерски кадар, едуциран кадар во делот на градежната индустрија.
-Од останатите две парцели што беа продадени, едната е за градба на хотел ја има купено домашен субјект, којшто во рамки на законот има обврска во следниот период од десет години да ја заврши комплетната инвестиција. во спротивно ќе има обврска да плаќа пенали на општината на земјиштето, додека втората градежна локација е продадена на домашен субјект кој согласно неговите намери сака да гради логистички центар. како и да е истиот ги има истите услови во период од десет години комплетно да ја заврши инвестицијата, во спротивно по примерот на останатите коишто купија локација таму, а не изградија денеска имаат пенали од два, три и повеќе милиони денари, изјави Димитриевски.
Зоната забрзано се развива и е лоцирана северно од градот кон границата со Република Србија, на автопатот Е 75, Белград-Атина, простирајќи се на површина од 65 хектари градежно земјиште, со намена Г2 (лесна и незагадувачка индустрија) и намена Б (големи трговски единици-шопинг молови и хотели). Зоната почна да се гради со средства обезбедени од Владата. Засега функционираат неколку компании