Американскиот  бизнис магазин Форбс веќе со децении објавува листа  на најбогати луѓе во светот, а од време на време и специјализирани листи на најбогатите луѓе на одредени сектори или земји.

Овај период се многу популарни криптовалутите, и поради тоа Форбс објави листа на крипто-милионери па и милијардери.

Се поголемата популарност на криптовалутите и растот на цените, чија вредност надминува 500 милијарди  долари, оние кои први влегоа во овој рискантен свет, најверојатно се добитници на оваа “дигитална лотарија”

И покрај нестабилноста на цените на криптовалутите Форбс се обиде да ја процени приближната вредност на инвеститорите во криптовалутите.

Списокот се однесува на состојбата до 19 Јануари.

Подоле е листата на крипто-милионери “потешки” од 350 милиони долари:

Крис Ларсен (57), ко-основач на Ripple: 7,5 – 8 милијарди американски долари

Џозеф Лубин (53), ко-основач на Ethereum: 1-5 милијарди американски долари

Чангпенг Жао (41), извршен директор на Binance: 1,1 – 2 милијарди американски долари

Браќата Винкловс (36): 900 мил – 1 милијарда американски долари

Метју Мелон (54), инвеститор: 900 милиони – 1 милијарда американски долари

Брајан Армстронг (35), извршен директор на Coinbase, 900 милиони долари – 1 милијарда долари

Метју Росзак (45), основач на Block and Tally Capital: 900 милиони – 1 милијарда долари

Ентони Ди Иорио (43), ко-основач на Ethereum; 750 милиони – 1 милијарда долари

Брок Пирс (37), претседател на Bitcoin Foundation: 700 милиони долари – 1 милијарда долари

Мајкл Новограц (53), извршен директор на Galaxy Digital: 700 милиони долари – 1 милијарда долари

Брендан Блумер (31), извршен директор на Block.one: 600 – 700 милиони американски долари

Дан Лаример (35), CTO Block.one: 600 – 700 милиони американски долари

Валери Вавилов (38), извршен директор на Bitfury: 500 – 700 милиони американски долари

Чарлс Хоскинсон (30), ко-основач на Ethereum: 500 – 600 милиони американски долари

Бред Гарлингхаус (47), Главен извршен директор Ripple: 400 – 500 милиони американски долари

Бери Силберт (41), извршен директор на Digital Currency Group: 400 – 500 милиони американски долари

Виталик Бутерин (24), Автор на Ethereum: 400 – 500 милиони американски долари

Тим Драпер (59), Draper Associates: 350 – 500 милиони американски долари

Сонг Ши-Хјун (38), Dunamu i Upbit: 350 – 500 милиони американски долари