Осум илјади компании ќе имаат бенефит од мерките превидени во новиот закон за финансиска поддршка на инвестициите. Ова е заклучокот на претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.  Од утре законот влегува во владина процедура, а од наредната недела и во собраниска. Со законот се обезбедуват 46% повеќе пари за индустријата и тие ќе завршат директно кај фимите, најавуваат од владата и додаваат дека опозицијата треба  да го поддржи законот во Парламентот, затоа што се однесува на сите стопански субјекти во земјава. Од Владата со најава дека е завршен проектот за изградба на автопатот Скопје- Блаце во должина од 13 километри и во тек е негова ревизија.

„Утре завршува рокот до кога законот треба да биде на Енер , ние во среда ќе го пратиме на генералниот колегиум , во петок имаме закажано комисија за економски прашања, и наредната недела имаме седница на влада каде што законот ќе помине па потоа ќе оди низ парламентарни процедури“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

„Во ниеден сектор немаме проблематична ситуација. Така што, ситуацијата и покрај кризата долго трае во Македонија , јас не можам да набројам ниту еден сектор во овој момент кој се наоѓа во неповолна позиција така да тоа е добра стартна посиција фирмите да го искористат тој момент да влезат во овој проект“, изјави Бранко Азески претседател на СКМ.