Зголемен откупот на земјоделски производи

2022-08-15 18:00

Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 19,5, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 39,2 процента.

Зголемување е забележано кај сите производи, освен кај индустриските и фуражните растенија, овошјето, млечните производи, рибата и другите земјоделски производи.