Во врска со дописот од Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје бр. 03-269/1 од 07.03.2018 година за информација за порастот на цената на акциите на Комерцијална банка АД Скопје, Банката ја известува јавноста дека не поседува ценовно чувствителни информации во врска со работењето кои досега не се објавени.

Банката ја уверува јавноста дека сите ценовно чувствителни информации во врска со своето работење се транспарентно презентирани во целост.

Во моментов, акцијата на Комерцијална банка АД Скопје има вредност од 3.740,00 денари.