Јапонската Влада одреди казни од 530 милиони долари во биткоин за неколку компании кои тргуваат со крипто валутата.

Јапонскиот регулатор за финансиски услуги информираше дека компаниите ФСХО и Бит Стејшн воедно ќе мора да престанат да тргуваат со биткоини во рок од еден месец. Една од компаниите е обвинета за несоодветен надзор на трансакциите, а другата дека ги користела биткоините за лични потреби.

Јапонија е една од првите држави кои воведоа системи за регулирање на користењето на биткоинот трговијата со него.