Наближува крајниот рок (15-ти Март) за поднесување на Годишна даночна пријава, а граѓаните имаат уште една седмица да ги пријават приходите во Управата за јавни приходи.

Во текот на следната седмица се очекува околу 170.000 граѓани да ги пријават своите приходи во УЈП.

Имено, заклучно со 08.03.2018 година, поднесени се 235.258 пријави, од кои најмногу во Скопје и тоа 86.643.
Со цел избегнување на метежите на даночните шалтери, особено во Скопје, потсетуваме дека граѓаните можат да ги поднесат пријавите и во дополнителните пунктови кои УЈП ги отвори за прием на Годишните даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром .