Почитувани,
Согласно активностите кои што ги имам изминатиот период денеска сум во посета на светиниколско во средба со сточарите од овој регион.

Разговараме за актуелните состојби во овчарството и останатите гранки и со оние реални ситуации и проблеми со кои се соочуваат земјоделците од овој регион.
Ја користам оваа прилика да упатам сериозна критика и укажам до власта, МЗШВ, до Агенцијата за храна и ветеринарство и до ЈП За пасишта, имено станува збор за нелогично одбивање на сточарите ширум државата, кои што по пратен список од Агенцијата за храна и ветеринарство кое што го имам заедно со мене, на списокот има преку 400 земјоделци сточари од Македонија одбиени заради изречена мерка едукација. Ова е практично правна нелогичност за овие земјоделци да не ги добијат субвенциите кои што ги чекаат за да го опстанат своето стопанство.
Но, ова не е единствениот список. Имено, ЈП за стопанисување со пасишта исто така има испратено список со преку 400 сточари ширум државата, кои што исто така се ставени на списокот да не добијат субвенции заради неплатена пашарина.