Од утре ќе започне исплатата на пензиите за месец март.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:

  • за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година (вторник);
  • за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година (среда);
  • за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година (четврток) и
  • за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2023 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите ќе може да располагаат веќе од утре.

Согласно одлуката на Владата на Република Македонија за новата методологија за усогласување на пензиите, со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%.