Македонија е голем зависник од увоз на електрична енергија, но постои и пазар на струја во спротивна насока, иако е далеку помал. Оваа година операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО ги објави и најголемите извозници на струја која се произвела во нашата земја.

Најголем извозник е ЕТМТ Енерџи, која е формирана пред две години, а нејзин сопственик е фирма од Албанија.  ЕТМТ Енерџи е инаку фирмата која во 2022 најмногу купуваше вишоци на струја кои ги продава АД Електрани на Северна Македонија- ЕСМ.

ЕТМТ Енерџи од Македонија е трговец број еден со 142.861 мегаватватчасови електрична енергија кога станува збор за извоз.  Опозицијата лани реагираше дека со продажбата на ноќни вишоци на струја за ЕТМТ Енерџи се врши грабеж на граѓаните, бидејќи потоа таа ја продава многу поскапо струјата во странство.

Со 105.845 мегаватватчасови на второто место е Хсе Мак Енерџи, филијала во сопственост на словенечката државна компанија за електрична енергија.

Целата анализа прочитајте ја на следниот линк.

https://faktor.mk/koi-se-najgolemite-izvoznici-na-struja-od-makedonija