Во услови на двоцифрена инфлаација и економска криза, функционерите со повисоки плати од 78% а за граѓаните замрзнати цени, се вели во прилогот на ТВ 24.

Но, власта иако се правдаше дека замрзнатите цени се за да ги заштити граѓаните сепак не издржа ниту една недела, се попишмани, па за следна недела најави повисоки цени кај дел од овошјето и зеленчукот.

Во меѓувреме додека функционерите се договараат за да се договорат дали ќе се откажат од повисоки плати за 78 проценти, синдикалците пресметаа дека на четиричлено семејство претходниот месец за да преживее му биле потребни 811 евра.

Според синдикалците еден функционер покрива 2,5 синдикални минимални кошници, 1 работник не покрива ниту половина синдикална минимална кошница. Поради ваквата состојба, синдикалците ги повикаа работниците и граѓаните да се охрабрат и масовно да излезат со синдикатите на 1ви Мај и да го изразат своето незадоволство.

„За жал од јавните настапи и пазарења во маркетите на Премиерот и на Министерот за економија за мерките кои ги преземаат за замрзнување на цените на основните производи резултатот е само 100 денари намалена вредност во Синдикалната минимална кошница на трошоците за исхрана и пијалоци па така доколку во февруари оваа година само за храна и пијалоци на едно четиричлено семејно домакинство му биле потребни 19.379 денари, во март му биле потребни 19.263 денари или незначително и симболично му е помогнато на едно семејство со ваквите мерки на Владата“- велат од ССМ за ТВ 24.

За граѓаните јајца и пиперки за Владата луксуз вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Додавајќи дека тоа е одраз на безобразлукот на Владата на ДУИ подржана од малцинскиот партнер СДСМ.

„Скромно просеччно македонско семејство, без разлика дали станува збор за македонци, албанци илиостанати, едвај кубури од крај до крај да да поврзе во месецот а тие гледате еве како се луксузираат а потоа ќе не убедуваат со јајцата, со пиперките, со доматите и така натаму. Тоа е она лицемерие коешто ги разочарува луѓето а потоа луѓето ја губат надежта.“- вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Замрзнувањето на цените власта го правда со моментот дека ги штити граѓаните, граѓаните пак револтирани дека со таквите потези ги понижува, додека за земјоделците е потег со кој се уништува домашниот аграр. За да го оправда најавеното одмрзнување и поскапување власта прстот го впери во увозниците дека лажирале фактури.

Од Царинската управа за ТВ 24, во координиран одговор со УЈП, ДПИ и Управата за финансиска полиција најавија дека доколку се потврдат сомневањата дека увозниците дале лажни фактури ќе се покрене постапка за дополнителна наплата и утврдување на прекршочна или кривична одговорност во зависност од износот на избегнатите давачки.