Поминаа речиси 6 години од најголемот историски грабеж во банкарската историја на Македонија. Во 2017 година, вработен во НЛБ украл речиси 3 милиони евра во франци и во евра од трезорот на банката, а тоа е најверојатно најголемиот грабеж во историјата на суверена Македонија.

Вечерта едно лице беше приведено за овој грабеж, со што случајот влегува во друга интересна статистика – еден од најбргу расчистените грабежи во поновата македонска историја. Каде се парите? И тие од НЛБ и сите други?

Според информации на Вечер.мк, парите од НЛБ се лоцирани, како и лицата кои ги располагаат.

Меѓународната истрага утврдила и по кои канали со помош на кои лица, парите од НЛБ завршиле во навистина негувани дланки.

Табела на најголемите грабежи досега во Македонија (Инфографик: Мета)

Едни лежат, други – уживаат

Четворицата обвинети за грабежот во НЛБ Тутунска банка добија вкупно 20 години затворска казна. На првообвинетиот Бобан Смилевски му беше изречена казна затвор од девет години и два месеца за кривичните дела затајување и тешка кражба.  Неговиот брат Горан како второобвинет доби шест и пол години, третообвинетиот Борис Мичевски пет години и два месеца, додека четвртообвинетиот Мирослав Каевски доби условна казна за затајување.

Со пресудата, која беше соопштена во Основниот суд Скопје 1,  осудените се должни да го вратат целиот износ кој го украле од НЛБ Тутунска банка. Четворицата обвинети за грабежот ја признаа вината, но не открија што сториле со украдените пари. Тие на 10 април 2017 од НЛБ украле 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра.

Почина еден од осудените за милионскиот грабеж на трезорот на НЛБ Банка

На 2 декември 2020 година, потврдени информации на НетПрес, во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари од срцев удар починал еден од четворицата осудени за грабежот во НЛБ Тутунска банка.

Според сознанијата, станува збор за Б.М., кој беше третообвинет во случајот. Трагедијата да биде поголема, како што им било кажано, нему му преостанувале уште малку повеќе  од шест месеци до издржување на казната.

Со пресудата од почетокот на ноември 2017 година, сите тројца обвинети добија вкупно 20 години затворска казна.

На првообвинетиот Бобан Смилевски му беше изречена казна затвор од девет години и два месеца за кривичните дела затајување и тешка кражба. Неговиот брат Горан како второобвинет доби шест и пол години, третообвинетиот Борис Мичевски пет години и два месеца, додека четвртообвинетиот Мирослав Каевски доби условна казна за затајување.

Со пресудата, осудените беа должни да го вратат целиот износ кој е ограбен од НЛБ Тутунска банка. Четворицата обвинети за грабежот ја признаа вината, но не открија што сториле со украдените пари. Тие на 10-ти април 217-та од НЛБ украле 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра.

Историјат на најголемите грабежи

Со речиси три милиони евра, барем според сегашните информации, сумата украдена од трезорот на НЛБ е 15 пати поголема од другата слична кражба од трезор на банка, во 2014 година. Тогаш беше осомничен главниот трезорист со ортаци од „Охридска банка“. Во случајот на НЛБ пак, пак, директорот на трезорот на НЛБ е тој што ја пријавил кражбата. Имено, во септември 2014 година, тројцата вработени во „Охридска банка“ добија кривични пријави оти во период од три месеци, манипулирајќи со парите со кои требало да се полнат банкоматите, од банката украле вкупно 200.000 евра.

Тоа се најголемите кражби на пари во Македонија направени без закана со оружје.

Досега најголемиот грабеж на пари од банка е тој од 9 јануари 2010 година, кога од „голф“ на „Стопанска банка Битола“, на патот Прилеп-Битола, под закана за оружје беа однесени 450.000 евра.

Најголемиот поединечен вооружен грабеж на возило со пари, пак, е тој од декември 2005 година, кога на уличката во скопска Топана, под касарната „Илинден“, од комби на „Македонска пошта“ беа украдени 670.000 евра.

Сличен грабеж како тој на патот Прилеп-Битола се случи во февруари лани во Велес, кога беше пресретнато возило на фирма за обезбедување и под закана со оружје ѝ беа украдени околу 65.000 евра. Разбојниците беа наскоро пронајдени.

Најголемата сума вкупно одземена од некоја институтција е, секако, таа од вкупно 2,5 милиони евра, но во различни грабежи извршени во експозитури на АД „Македонска пошта“, најчесто на поштенските комбиња со кои се вршеше трансферот на парите. Грабежите се случуваа интензивно до пред седум-осум години, а во вкупната сума влегува и погоре споменатиот грабеж на 670.000 евра.

Оваа серија грабежи влезе и во листата на најголеми светски грабежи што во 2013 година ја направи деловниот магазин „Бизнис инсајдер“.