На валутните пазари во раното претпладневно тргување во средата, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути благо зајакна.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево е околу 99,20 поени, додека вчера во истиот пресек изнесуваше 99,08 поени.
Во исто време, курсот на американскиот долар во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 142,20 на 142,50 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1375 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1405 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, остро паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 1,18 проценти, на 63,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 1,39 проценти, на 59,60 долари.