Во знак на солидарност и општествена одговорност, Комерцијална банка донираше ново амбулантно возило на Општата болница во Кочани. Овој гест претставува директна поддршка на здравствениот систем и јавното здравство, особено по неодамнешната трагедија во Кочани.

Со оваа донација, Комерцијална банка има за цел да придонесе кон унапредување на капацитетите за итна медицинска помош во овој регион. Новото амбулантно возило ќе овозможи побрз и побезбеден транспорт на пациенти, навремени медицински интервенции и подобрени услови за здравствените работници, особено во критични ситуации кога времето е од клучна важност.

Овој хуман и одговорен чекор е дел од пошироката стратегија на Банката за корпоративна општествена одговорност, со која систематски се поддржуваат здравството, образованието, културата и ранливите категории на граѓани низ целата држава.

Мислите и сочувството на Комерцијална банка остануваат со семејствата кои ги загубија своите најблиски, како и со повредените, со искрена надеж за нивно брзо и целосно закрепнување.