Три милиони евра е сумата што Хрватска ја исплаќа за пензии во Македонија или вкупно 439 милиони се исплаќаат во 50 држави во светот. Најголемиот дел отишол во земјите од поранешна Југославија – Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Црна Гора и Северна Македонија.

Во нашата држава се префрлени околу три милиони евра за 1.868 лица кои го оствариле својот приход во таа земја и сега живеат во Македонија.

Хрватскиот завод за пензинско осигурување за минатата година регистирал намалување од 8.000 пензии што се испраќаат во странство. Повеќето пензии од Хрватска одат во соседните Босна и Херцеговина и Србија – точно околу 129.000. Германија е на третото место, по што следат Словенија и Австралија.

Минатата година, Хрватскиот завод за пензиско осигурување исплати само по една пензија на Ерменија, Монако, Парагвај, Перу и Јужна Кореја. По две пензии беа исплатени на Кипар, Малта, Мексико, Филипините, Тајланд и Турција. Меѓу земјите со најмалку платени пензии (само неколку) се Бразил, Грција, Чиле, Исланд, Израел, Португалија, Аргентина и Украина.