Кинеската фирма „Тему“ вчера  соопшти дека веќе нема да праќа артикли од Кина во САД, поради новите американски царински прописи.

Како што извести порталот „Tech Crunch“, компанијата Тему ја донела оваа одлука откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина правилото „de minimis“, што овозможуваше внесување на стока во вредност до 800 долари без царина.

Според американската мрежа Си-Ен-Би-Си, американските купувачи на платформата Тему веќе почнале да забележуваат дополнителни „даноци за увоз“ од 130 до 150 проценти, а како реакција, компанијата престана да ги покажува производите од Кина како достапни, додека понудите сега се ограничени на артикли од американски складишта.