Германските фабрички нарачки во март пораснаа за 3,6 проценти месечно, над очекувањата на аналитичарите и со најбрзо темпо од декември минатата година, објави денес Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис).

Раст е забележан во сите главни сектори во Германија.

Големите нарачки за авиони, бродови и возови се зголемија месечно за 13 проценти, како и нарачките за електронска опрема – 14,5 проценти, за машини и опрема 5,3 проценти, во автомобилската индустрија 2,5 проценти и во фармацевтскиот сектор 17,3 проценти.