Ова од насловот го покажува евробарометарот на Европската Комисија кој во Македонија опфаќа 1018 испитаници во периодот март-април годинава.

Додека 9 проценти од граѓаните на земјите од Европската Унија криминалот го гледаат како најголем проблем со кој се соочува државата, во Македонија процентот е 36 или за четири пати поголем од ЕУ. Идентичен е и процентот на граѓани кои ја гледаат инфлацијата како најголем проблем, слично како просекот на ЕУ.

Анкетата која ја спроведува Европската Комисија покажува и дека 54 проценти од македонските граѓани имаат доверба во Европската Унија, додека 42 проценти не и веруваат на унијата. Од регионот, најмала доверба во Европската Унија има во Србија со 37 проценти од анкетираните. Најголема доверба во ЕУ има, пак, во Црна Гора и Албанија.

Во однос на проширувањето на Европската Унија, помеѓу 50 и 60 проценти од македонските граѓани сметаат дека тоа би било добро за државата, што е за 5 проценти проценти помалку од анкетата спроведена во октомври-ноември минатата година.