Комерцијална банка ја започна својата летна промоција за Visa кредитните картички, нудејќи бројни поволности за корисниците што сакаат повеќе финансиска слобода и дополнителни придобивки при секојдневните плаќања. Промоцијата трае до 30 јуни 2025 година.

Корисниците на Visa Classic Standard или Visa Classic Revolving картичките добиваат поврат на средства од 600 денари за направен промет од најмалку 3.000 денари.

За оние што користат Visa Gold кредитна картичка, промоцијата носи удвоен бонус од 0,6% за секоја трговска трансакција, при што дополнително се стекнуваат со удели на свое име во инвестицискиот фонд КБ Инвест – Балансиран.

Дополнителна поволност за новите корисници е можноста до крајот на јуни да аплицираат за Visa Classic или Visa Gold кредитна картичка без надомест за издавање.

Повеќе информации за промоцијата се достапни на официјалната веб-страница на Комерцијална банка.