3,4% е растот на бруто-домашниот производ за првото тримесечје за 2025 година, покажуваат податоците на државната статистика …
Растот на бруто домашниот производ од 3 насто во првиот квартал од годинава се должи на позитивните остварувања во сите сектори и претставува потврда за успешно спроведените политики – анализира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска.
Предничи градежништвото со 7,1 процент раст, индустријата е со 2,1 насто. Вложени се 11 милијарди денари во инфраструктурни проекти на државно, но и на локално ниво. Со вакви бројки објавени од статистика проекцијата на раст од 3,7 проценти е остварлива, вели Кочовска.
Она што загрижува е зголемениот увоз, наспроти намалениот извоз. Но и покрај тоа што големите субвенции во земјоделството имаме се повеќе увоз на храна и зеленчук. Се подготвува листа на производи со цел зголемување на преработувачката индустрија во земјава.
Владата во иднина ќе работи на раст повеќе од 4%, но постојат сигнали дека економијата оди напред, а еден таков е креирањето на нови 10 илјади работни места за првите два квартала – рече премиерот Мицкоски. На буџетот му следи ребаланс, според министерката Кочовска најрано за две недели.