Во Хрватска од почетокот на годината до крајот на мај  има  3,2 милиони странски и еден милион домашни туристи. Намалување на бројот на ноќевањата во текот на петмесечниот период изнесува малку повеќе од пет проценти.

Во овој период имало четири проценти помалку странски гости отколку минатата година, но затоа бројот  домашните туристи бележи зголемување од девет отсто.

Сепак, со остварени 10,6 милиони ноќевања, странците биле за осум проценти помалку во споредба со минатогодишните бројки, пренесува Пословни дневник.