Цените во земјоделството во мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 2,1 % кај инпутот и за 11,0 % кај аутпутот, објави Државниот завод за статистика.
Индексот на цените во земјоделството во мај 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е 102.1 кај инпутот и 111.0 кај аутпутот.
Во мај 2025 година, во споредба со мај 2024 година, индексот на цените на
инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 107.6.
Во делот аутпут, во мај 2025 година, во споредба со мај 2024 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 112.7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 106.7.
Во истиот период зеленчукот поскапел за 22,8 отсто, добитокот за колење за 10,4 отсто.
Главни поенти
Цените во земјоделството во мај 2025 година во однос на мај 2024 година пораснале за:
- 12,7 % кај растителното производство
- 6,7 % кај добиточното производство
кај аутпутот
- 1.6 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
- 7.6 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството