За 24 часа и владата и Народна банка ги зголемија проекциите за инфлацијата за годинава. Од Централната банка од првичните 2,5 отсто денеска објавија дека очекуваат инфлацијата годинава да се зголеми на три отсто. Растот на цените на нафтата како и на прехранбените производи ќе ги зголемува трошоците на живот на граѓаните, од следната година експертите од Народната банка очекуваат инфлацијата да се намали на два отсто.

Што се однесува до очекувањата на властите, тие вчера објавија дека од првичната проекција согласно буџетот за годинава инфлацијата да заврши на ниво од 2,2 отсто. Но, со ребалансот на буџетот ресорната министерка Гордана  Димитриевска Кочоска објави дека очекува зголемување на трошоците на живот на граѓаните и стапката ја проектираше на 2,8 отсто инфлација.