Бројот на грла стока во Европската унија продолжува да опаѓа и во 2024 година, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во официјалното соопштение се наведува дека ЕУ годинава располага со околу 132 милиони свињи, 72 милиони говеда, 57 милиони овци и 10 милиони кози.
Во споредба со 2023 година, забележан е пад во сите категории:
бројот на свињи е намален за 0,5%,
говедата за 2,8%,
овците за 1,7%,
козите за 1,6%.
Овој тренд не е нов – Евростат укажува дека се работи за долгорочен процес на намалување на сточниот фонд во Унијата. Во однос на 2014 година, податоците се уште поизразени:
свињите се намалени за 8,1%,
говедата за 8,7%,
овците за 9,4%,
додека козите бележат пад од дури 16,3%.
Овие бројки ги отсликуваат структурните промени во земјоделскиот сектор на ЕУ, како и зголемените притисоци врз сточарството поради еколошки регулативи, промените во потрошувачките навики и економската неисплатливост на традиционалното одгледување добиток.