Компанијата „Реплек“ денеска ја отвори најновата инвестиција на производствените капацитети. Премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на свеченоста и даде изјава за медиумите.
На новинарско прашање дали како Влада може да им се овозможи да настапуваат на странски пазари уште поуспешно од ова што сега го има компанијата.

– Сметаме дека може за да биде упте поуспешно, подобро и поквалитетно. Од ова што го заклучив од директорот дека е дуплиран практично приходот на компанијата. А целите кои ги имаат зацртано се навистина импресивни. И ние како Влада ќе сториме се за да помогнемем бидејќи станува збор за македонска компанија, нешто што претставува како наш приоритет како Влада, да поддршуваме изклучително македонски компании. И убеден сум дека тие цели заеднички ќе ги реализираме, изјави Мицкоски.