Софтверскиот гигант Microsoft објави дека ќе отпушти дополнителен број на вработени, по намалувањето на работната сила во мај кога беа отпуштени три проценти од вработените на сите позиции и во сите региони.
Компанијата исто така соопшти за редукција на одредени нивоа во организациската структура. “Тоа ќе биде помалку од четири отсто од работната сила односно отказ ќе добијат околу 9,000 вработени.”
“Продолжуваме да ги спроведуваме организациските промени потребни за поволно позиционирање на компанијата и нејзините тимови во променливата пазарна средина,” се вели во изјавата на Microsoft, компанија која вработува 228,000 лица.
Се претпоставува дека редуцирањето на бројот на вработени е предизвикано од имплементацијата на вештачката интелигенција (ВИ). Microsoft е една од водечките компании во употребата на ВИ.
Во април, компанијата изјави дека од 20 до 30 проценти од нивното интерно програмирање се извршува со користење на ВИ.