Намалувањето на вредноста на странските инвестиции за близу 60 отсто во првиот квартал од годинава во споредба со истиот период лани не го загрижува премиерот Христијан Мицкоски.
Минусот од над 260 милиони евра за една година, според него биле заеми на компаниите со странски капитал во земјава на нивните фирми мајки во државите од каде што доаѓаат. Мицкоски очекува тие заеми до крајот на годинава ќе им ги вратат нивните матични фирми.
„Тоа се заеми кон матичните мајки фирми кои се кратко рочни и до крајот на годинава ќе бидат вратени.“ – Христијан Мицкоски премиер.
За странските инвеститори повеќе работниот кадар не е проблем број еден. Најголемиот дел од нив, особено на компаниите од автомобилскиот сектор, кои се најбројни во индустриските зони стравуваат од глобалните предизвици. Како сегашни и идни ризици од бизбнисмените со странски капитал велат дека не се проблем само царините на Трамп, туку и воените жаришта а со нив ланците за трговија, економските односи помеѓу САД и Кина, но и односите помеѓу државите од Европаката унија и Кина од што ќе зависи каде и како ќе се дистрибуираат производите или полупроизводите кои се изработуваат во фабриките низ Македонија.
„Ја слушнав изјавата на претседателот Трамп, тоа што го кажа е дополнителна царинска стапка од 10 проценти за земјите кои се во Брикс или кои директно соработуваат со Брикс. Ако не се лажам пред месец дека царинската стапка за Кина беше над 150 проценти, па тој баланс сега некако се воспостави помеѓу САД и Кина. Сметам дека да мислиме дека ова веднашќе влиае врз глобалните текови, не.“ – Виктор Мизо претседател на Совет за странски инвестиции.
Пред неколку дена Народната банка објави дека во првите три месеци од годинава во земјава се влезени 135 милиони евра странски капитал. Во истиот период лани таа сума изнесуваше 397 милиони евра.
Опозициската СДСМ обвини дека тоа е резултат на непосветеноста на власта во областа на економијата. Премиерот пак најави нови три инвестиции во периодот што следи а странските инвеститори побараа вклученост во подготовката на законски решенија кои ги тангирата странските инвестиции.