Канадскиот малопродажен синџир „Алиментејшн Куш-Тард“ ја повлече својата понуда од 47 милијарди долари за купување на јапонската компанија „Seven&i,“, наведувајќи го недостатокот на конструктивна соработка од јапонската компанија.

Неочекуваната одлука го означува крајот на потенцијално најголемото странско преземање на јапонска фирма, бидејќи „Couche-Tard“ – оператор на продавниците „Серкл К“ – се обиде да создаде глобален гигант во секторот на продавници за храна со преземање на брендот „7-Елевен“, објави CNN.

„Немаше искрена или конструктивна соработка од 7&i што би дозволила каква било понуда да продолжи, и покрај изјавите дадени од нивните претставници во јавноста“, се вели во писмото до одборот на директори од Couche-Tard (Куш-Тард).

„Напротив, спроведовте пресметана кампања на опструкција и одложување, на голема штета на самата компанија и нејзините акционери“, продолжува писмото.

„Seven&i,“ одговорија со соопштение во кое се наведува:

„Иако сме разочарани од одлуката на Couche-Tard „Куш-Тард“ и не се согласуваме со бројните неточни тврдења, не сме изненадени.“

„Севен и &“ долго време се сметаше за тест за подготвеноста на јапонските компании да прифатат странски преземања. Повлекувањето на „Couche-Tard“ доаѓа веднаш по успешното преземање на „Ју-Ес Стил“ од страна на „Нипон Стил“ во договор за 14,9 милијарди долари.

Акциите на „Seven & i,“ паднаа за 9% во утринската трговија на Токиската берза

„Многу сме разочарани од очигледниот недостаток на подготвеност на „Seven & i“ за соработка“, рече Маној Џаин, коосновач и главен инвестициски директор на „Масо Капитал“ со седиште во Хонг Конг.

„Веруваме дека спојувањето би имало значителна пазарна вредност и постојано им го посочувавме ова на менаџментот и на одборот на директори.“

Минатата година, „Couche-Tard“ ја зголеми понудата на околу 47 милијарди долари, а во март понуди дополнително зголемување доколку јапонската страна покаже поголема транспарентност и обезбеди увид во финансиите.

Тие, исто така, соработуваа со „Seven & i,“ на план за продажба на дел од продавниците, за да се ублажат регулаторните пречки.

Обидот на „Couche-Tard“ доби на интензитет откако „витешката“ понуда од семејството Ито, основачите на компанијата, не успеа бидејќи не успеаја да обезбедат финансирање. „Couche-Tard“ вели дека се обиделе да контактираат со семејството, но биле одбиени.

Двете компании, исто така, потпишаа договор за неоткривање информации (NDA), но, според „Couche-Tard“, „обемот и содржината на дозволената длабинска анализа, вклучувајќи два многу ограничени состаноци со менаџментот, беа занемарливи“.

Алтернативни понуди

„Couche-Tard“ изјави дека верува оти целосното спојување на компаниите би донело најголема вредност за акционерите, но дека се разгледани и други опции.

Меѓу другото, „Couche-Tard“ понуди да го преземе целиот бизнис на „7&i“ надвор од Јапонија, како и 40% од неговиот бизнис во Јапонија, каде што продавниците за храна се клучна инфраструктура за време на природни катастрофи.

„Не сме во можност да продолжиме со оваа комбинација без подлабоко и поискрено вклучување од менаџментот и специјалниот комитет на „7&i“, се вели во писмото.

Од друга страна, „Seven&i“ предложи продажба на меѓународниот бизнис на Couche-Tard во замена за сопственички удел во канадската компанија.

Couche-Tard верува дека таков договор „нема да донесе значајна премија што им беше понудена на вашите акционери во нашите предлози“.

„Seven&i“, предводена од првиот странски извршен директор Стивен Дакус од мај, е под силен притисок да ги подобри деловните резултати и да демонстрира капацитет за независен раст.

„Остануваме целосно посветени на нашиот сопствен план за создавање вредност, кој го спроведуваме паралелно“, објави компанијата.

Трговецот на мало објави откуп на сопствените акции, продажба на неосновните деловни единици и планови за јавно објавување на своите северноамерикански операции.

„Овој случај покажува дека можете да го одолговлекувате целиот процес за да избегнете преземање“, рече еден инвеститор на „Seven & i“, кој зборуваше под услов да остане анонимен.

„Со оглед на тоа колку долго трае сè, не гледам некој друг да понуди да преземе“, заклучи тој.