Маркетите да не се служат со трикови, бидејќи ограничувањата можат да бидат годишни, наместо месечни, порача денес премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека Пазарниот инспекторат и Министерството за економија и труд внимателно ќе го следат однесувањето на големите маркети. Мицкоски предупреди дека ограничувањата не ќе бидат само краткорочни, туку може да се применуваат и на годишно ниво.

,,Мојата порака до маркетите е да не се служат со трикови, затоа што ограничувањата можат да бидат годишни, а не неделни или месечни и многу внимателно преку пазарниот инспекторат и министерството за економија и труд го следиме однесувањето на некој од маркетите.“; рече Мицкоски

И граѓаните на терен сведочат за покачени цени особено оваа седмица. Велат секојдевно истите се менуваат по болјата на трговците. И тие побараа мерки

Граѓаните додаваат дека зголемени цени забележале особено на прехрамбените производи, а премиерот во последните изјави најави дека Владата наскоро ќе објави конкретни мерки за заштита на граѓаните од растот на цените. Дополнително граѓаните бараат и повисока минимална плата, со цел да не се иселат и оние што остана во државата.