Високи цени – ниски плати. Граѓаните се почесто се жалат на високи цени на основните прхранбени произовид, владата смирува со кошнички. Премиерот веќе долго време повторува дека наскоро ќе има мерки но дека ќе мора да се почека бидејќи се прават анализите за базичната инфлација.

Мицкоски рече дека се прави анализа за да се види за колку е зголемено се она што беше ограничено со мерките, и рече дека овој пат целта е да има целосно сценарио со кое ќе се стабилизираат цените.

Како и вообичаено премиерот најави жестока реакција и посочи дека ќе има мерки за училишна кошничка, биле анализирани неколку концепти,за да нема зголемување пред почетокот на учебната година.

Во меѓувреме додека се чекаат мерките, ССМ објави дека за три месеци само кај храната и пијалоците цените пораснале за над 10 отсто.

На едно четиричлено семејство, пак, за да го помине месецот му се потребни над 65.000 денари. Статистика, пак, објави инфлација од 4,5 отсто во јуни годинава во споредба со јуни лани.