Исплатени се 3.686 млекопроизводители со вкупен износ од 147.822.692,00 денари.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.

Исплатени се 3.686 млекопроизводители со вкупен износ од 147.822.692,00 денари.

Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците јануари, февруари, март 2025 година.

Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар за кравјо млеко и 7 денари по литар за овчо и козјо млеко.