Потрошувачките кредити на Комерцијална банка со животно осигурување добија нова погодност која значи бенефит плус за корисниците. Со новата атрактивна опција Потрошувачкиот кредит до 2.000.000 денари и Потрошувачкиот кредит за пензионери сега се достапни со вклучено животно осигурување преку групна полиса со фиксна осигурена сума и со едноставен процес на склучување на осигурување.

Овие значајни погодности, овозможени од Комерцијална банка и Триглав Осигурување Живот, ти овозможуваат потрошувачки кредити со одлични услови за остварување на твоите желби на безгрижен начин и со поедноставена процедура.

Доколку сакаш финансиско решение кое не само што ќе ти помогне да стигнеш до посакуваното, туку и ќе ти обезбеди заштита во случај на несакани ситуации, Потрошувачките кредити со животно осигурување со групна полиса се совршен избор.

Што добиваш со оваа можност?

  • Фиксна осигурена сума – низ целиот период на отплата на кредитот, со однапред утврдени услови
  • Едноставен процес на склучување – премијата зависи само од осигурената сума, а не од твојата возраст или здравствена состојба
  • Месечна отплата на премијата – преку траен налог за брза и едноставна постапка

И уште поважно, ако избереш Потрошувачки кредит со вклучено животно осигурување, добиваш и пониски каматни стапки во споредба со стандардниот кредит без осигурување. А, во промотивниот период до 30 септември, е и без надомест за одобрување и администрирање.

Потрошувачките кредити на Комерцијална банка нудат повеќе од финансиска поддршка – тие се твој сојузник за безгрижна иднина.

Разгледај ги условите и избери ја опцијата што најмногу ти одговара на следниот линк.