Цените на земјоделските и рибните производи во јуни во Србија се зголемија за 13,4 проценти во споредба со јуни лани, објави денес српскиот Завод за статистика.

Како што пренесува Танјуг, растот на цените најмногу бил под влијание на цените на житото – 3,9 насто и овошјето – 81,4 насто.

Цените на земјоделските и рибните производи во јуни во споредба со мај се зголемиле за 1,5 насто во просек, а најголемо влијание врз овој раст имале овошјето, 22 насто, и добитокот и живината, 6,7 насто.

Цените на тие производи за првата половина од годината се зголемиле за 4,8 насто во просек во споредба со истиот период во 2024 година. Тоа главно се должи на зголемувањето на цените на житото за 15,9 насто, овошјето за 32,6 проценти и индустриските растенија за 4,9 насто.