Владата сè уште претпазлива со воведување привремени мерки против скапотијата, но премиерот Мицкоски потврди дека е подготвен на краток рок да ја плати политичка цена, за граѓаните да не ја плаќаат во континуитет на долг рок. Според опозицијата владиниот став дека инфлацијата е последица на зголемените плати и пензии е пласирана теза што не е вистина…

Подобро на краток рок да се плати политичка цена, отколку граѓаните на долг рок да трпат поради скапотијата. Ова е одговорот на премиерот Мицкоски по неговата вчерашна изјава дека Владата крои долгорочни решенија да ја заузда инфлацијата, а не популарни. Власта уверува дека прави детални анализи за да го лоцира проблемот.

Од опозицијата не се согласуваат дека инфлацијата е последица на зголемените плати и пензии, во време кога цените на храната незапирливо растат, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Од Владата предупредија дека за секое неоправдано поскапување на производите ќе има ригорозни мерки.

Мината недела економија имаше средба со трговците, производителите и дистрибутерите.

Инаку, праксата покажала дека ограничувањето на маржата на артиклите само се прелева во другите месеци и потоа цените се балансираат.