Од денеска официјално стартува мерката „Училишна кошничка“, со која цените на речиси целокупниот училишен прибор ќе бидат пониски за најмалку 10% на големо и 15% во трговијата на мало. Акцијата ќе трае до 15 септември, а трговците се обврзани покрај намалената цена јасно да ја прикажат и старата, која важела на 1 јуни, како база за пресметка на попустот. Непочитувањето на оваа мерка ќе биде санкционирано со парични казни до 10.000 евра, со цел да се олесни финансискиот товар на семејствата пред почетокот на учебната година.
Мерката ќе трае 1 месец, односно до 15 септември, а трговците се должни покрај намалената цена да ја објават и старата која важела на 1 јуни, која се зема како базична цена по која ќе се утврдува намалувањето. Сите оние кои нема да ја почитуваат мерката може да се соочат со парична казна и до 10 илјади евра.
„Секоја книжара или пункт каде што се продава училишен прибор ќе бидат задолжени да истаканат лепенки со логото Помалку трошоци повеќе за тебе, со старата и новата цена….Инаку контролата ќе ја води ДПИ и да напоменам дека непочитувањето на овие мерки ќе бидат санкционирани со опомена но и со казни кои ќе бидат од 800 до 10 илјади евра зависно од големината на продажното место. “- изјава Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд.
Со мерката надлежните очекуваат едно семејство кое има еден ученик да заштеди од 1. 000 до 2 .000 денари, или од 3. 000 до 4 .000 денари се очекува да биде заштедата на оние семејства кој имаа по две деца кои од 1 септември треба да тргнат на училиште.
Со мерката опфатени ќе бидат ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери, маркери, темперни, акрилни и водени бои, четки, линијари и дидактички материјали, острилки, гуми за бришење, детски ножици, лепило, шестар, дигитрон, папки.