Во книжарниците и старата и нова цена на училишниот прибор. Инспекторите се на терен, се прават проверки за мерката „Училишна кошница“, дали се почитува поевтинувањето од 15 проценти…
Книжарите почнаа да лепат нови, намалени цени на училишниот прибор. На рафтовите ја има и старата, но и новата цена, па така купувачите може да направат споредба, колку ќе заштедат пред стартот на учебната година. Ќе се купува до 15% поевтино.
Метеж низ книжарниците барем за сега нема. Со најавените санкции со училишната кошница, која стапи на сила, се очекува да се подобри стандардот на граѓаните, велат тие.
Во меѓу време, Државниот пазарен инспекторат е веќе терен. Директорот Влатко Стојкоски за МТВ вели дека над 30 тимови вршат мониторинг кај трговците на големо, но и во малопродажните продавници. Вели дека нема да се дозволи никаква злоупотреба.
Од министерството за економија за МТВ велат дека прават се за да го заштитат стандардот на граѓаните.
„Нашите проценки е дека со оваа мерка ќе се заштедат од 800 до 2.000 денари по ученик, со што ќе се намалат трошоците на домаќинствата, пред сè на оние семејства кои имаат ученици или студенти“, велат од ресорот економија.
Надлежните велат дека со оваа мерка се намалуваат трошоците во семејствата со ученици. Одлуката за намалени цени ќе трае до 15 септември. Казните за непочитување на одлуката се и до 10.000 евра.