Цената на кафето Арабика вчера се искачи на двомесечен максимум на њујоршката берза, откако постуденото време и мразовите во Бразил предизвикаа загриженост дека родот на најголемиот светски производител ќе биде помал од очекуваното.
Според податоците на Блумберг, вредноста на фјучерс договорот за Арабика се зголеми за 2,6 проценти, што е петта последователна сесија на раст и најдолгата нагорна низа од април оваа година.
Аналитичарот на „Мекдугал Глобал Вју“, Мајкл Мекдугал, предупредува дека проблемот не е само тековната сезона, туку и следната.