Повеќе од илјада евра му треба на едно четиричлено семејство за да го протурка месецот. Синдикатот пресмета во нивната кошница мора да се влеваат 65.507 денари, месечно од кои најголем дел одат за храна, домаќинство, комуналии, хигиена.
Синдикалната минимална кошница за месец август е зголемена за 179 денари во споредба со минатиот месец, кога изнесувала 65.328 денари. Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена 4,49%, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.
ССМ
храна и пијалоци-24.064 денари,
облека и обувки се намалени за 114 денари,
лична хигиена намелени трошоци за 74 денари,
за транспортот намалени трошоци за 16 денари,
Со изнајмен стан од 60 квадрати, пак, вкупните трошоци за август достигнуваат и до 80 882 денари. Владата се уште анализира дали и какви мерки ќе преземе за енормното зголемување на храната и сметките.
Премиерот Мицкоски неодамна изјави дека нема да толерира дивеење од страна на одредени синџири маркети коишто преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите. Најави дека Комисијата за заштита на конкурентноста многу скоро ќе излезе на терен по што ќе следуваат санкции за скриените „маркетинг услуги“.
И на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата беше дециден дека нема да има. Изминатиот период трошоците на живот се во постојан раст. Дел од експертите посочуваат на поразителниот стандард на македонските граѓани, а потврда за истото даде и статистиката на Евростат, претходно објавена која укажува дека 55% од македонските граѓани не можат да си дозволат ниту седум дневен одмор во текот на годината.