Секоја фотографија од годинашниот камп „Остваруваме кампување“ за лица со попреченост нѐ прави горди на нашата поддршка за овој значаен проект на Центарот за младински активизам ЦМА Крик во соработка со Сојузот на извидници на Македонија.

Комерцијална банка со задоволство финансиски ја поддржа оваа иницијатива затоа што веруваме во еднакви можности за сите и среќни сме кога помагаме иницијативи што носат радост, пријателство и безгрижни моменти во природа.

Кампот „Остваруваме кампување“ значи повеќе од забава – тоа е можност за социјална инклузија, јакнење на самодовербата и подобар квалитет на живот на лицата со попреченост.

Голема пофалба за ЦМА Крик и Сојузот на извидници на Македонија за нивниот ентузијазам и посветеност да создадат средина каде секој се чувствува прифатен и вреден. Полесно e заедно дa градиме заедница без граници.