Биткоинот падна на најниско ценовно ниво за речиси седум недели, со што продолжува дополнителното повлекување на токенот од рекордот поставен во средината на август.

Во рамки на денешното азиско тргување вредноста на најголемата криптовалута падна за дури 0,8 проценти, на 108.719 долари, а воедно се лизна под својот 100-дневен просек на движење, покажуваат податоците собрани од „Блумберг“.

Подоцна, во рамки на европското тргување, биткоинот се движеше на ниво од околу 110.095 долари, а етерот беше околу 4.420 долари.

Падот доаѓа во услови кога етерот добива на интензитет како жежок избор за трговците со дигитални средства, откако втората по големина дигитална валута во неделата достигна рекордно високо ниво од 4.955 долари. Етерот, исто така, малку се повлече од викендот, иако инвеститорите и натаму се обложуваат дека овој токен ќе продолжи да расте.

Bloomberg Mercury
 

 

Во август американските биткоин фондови со кои се тргува на берза забележаа над една милијарда долари нето повлекувања, додека фондовите поврзани со етер привлекоа прилив од 3,3 милијарди долари, што е најјасен знак досега за ротација на инвеститорите во корист на етерот.

Меѓутоа, засега инвеститорите и во двата токена бележат загуби.

„Ова беше крвав почеток на неделата за големите токени, со над 900 милиони долари ликвидација на крипто пазарите“, рече Шон Досон, раководител за истражување во „Дирајв“ (Derive.xyz).

Bloomberg Mercury
 

 

Податоците за дериватите, исто така, сугерираат дека се зголемува претпазливоста. Досон предупредува дека трговците се подготвуваат за можни повторни тестирања на ценовните граници од 100.000 долари за биткоинот и 4.000 долари за етерот.