Инфлацијата ги принудува сè повеќе германски граѓани да uплаќаат помалку во приватно пензиско осигурување, според анкета на институтот „ЈуГов“.
Во анкета од почетокот на август, 40 проценти од 2.009 испитаници изјавиле дека поради големите зголемувања на цените во последните години, издвојуваат помалку за старост. Минатата година тоа беше речиси 38 проценти, а сега 32 проценти.
Анкетата ја нарачала осигурителната компанија „Акса“.
Иако големиот бран на зголемување на цените засега е запрен, во јуни и јули оваа година, потрошувачките цени беа релативно умерено повисоки за два проценти отколку во истиот период во 2024 година.
Сепак, цените на прехранбените производи во некои случаи се значително повисоки отколку пред една година, а цените на услугите растат со месеци над просекот.
„Растечките цени во сите области од животот претставуваат голем финансиски предизвик за многу луѓе – дури и кога станува збор за штедење за старост“, вели Карстен Дитрих од компанијата „Акса“.
Од друга страна, државната пензија веќе не е доволна за пензионерите, истакнува Дитрих.
Мнозинството од 51 процент изјавиле во анкетата дека не се потпираат исклучиво на државната пензија за старост. Во исто време, половината изјавиле дека не можат да си дозволат да издвојат повеќе.