Растот на трошоците за живот во август годинава, споредено со август минатата година, бележи пораст од 4,4 проценти, додека цените на мало се повисоки за 4,1 процент.

Државниот завод за статистика денеска извести дека инфлацијата, пресметана преку индексот на трошоците за живот во август годинава, во однос на јули минатата година, изнесува 0,2 проценти.

Порастот на инфлацијата во август 2025 година, во споредба со јули 2025 година, е резултат на поскапувањето на трошоците за живот во следниве категории: „Ресторани и хотели за 2,1 процент, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,7 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци и Разновидни стоки и услуги за 0,6 проценти, Рекреација и култура за 0,3 проценти и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 процент.”

Во август 2025 година, споредено со јули 2025 година, намалување на трошоците за живот е забележано во групите: „Транспорт за 3,1 процент, Облека и обувки за 0,6 проценти, Здравје и Образование за 0,1 процент.” Трошоците за живот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации остануваат стабилни, односно на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во август, во однос на јули годинава, се намалени за 0,7 отсто.

Претходно, ДЗС соопшти дека месечната инфлација во јули годинава беше зголемена за 1,1 отсто, а годишната за 4,8 отсто, додека во јуни годинава порастот изнесуваше 0,8 отсто на месечно и 4,5 проценти на годишно ниво.